Во пресрет на 16-ти октомври
Балканот се сеќава на Тоше
Првата програма на српскиот национален ТВ сервис
РТС, како и нивниот сателитски канал, на 16-ти октомври 2011-та, во 21 часот, ќе ја емитуваат двочасовната емисија
Балкан - сеќавање на Тоше.
Во емисијата, која се поклопува со четиригодишнината од трагичната смрт на Тоше, неговите пријатели ќе зборуваат за неговиот живот и ќе ги пеат неговите песни.
Од
РТС велат дека станува збор за единствениот проект на кој се работеше четири месеци, во чест на
балканскиот принц на поп-музиката, за кого зборуваат големите имиња од Србија, Македонија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Песните на Тоше во студиото на
РТС, во придружба на гудачите и дувачите на
Големиот симфониски оркестар, ќе ги исполнат неговите колеги и пријатели, меѓу кои: Аки Рахимовски, Kалиопи, Хари Варешановиќ, Тони Цетински, Сергеј Ќетковиќ, Александра Радовиќ, Марија Шерифовиќ, Јелена Томашевиќ, Ања Рупел, Антонија Шола, Бора Дугиќ, Нина Радојчиќ, Саша Ковачевиќ, Борис Режак, Мари Мари...
Од
РТС напомнуваат дека станува збор за целосно некомерцијален проект, единствен по своите барања, и затоа единствено тие можеа да го реализираат, а сите учесници во него со голем антузијазам и ангажман го прифатија учеството.
Во рамките на двочасовната програма ќе биде емитуван и документарниот материјал, снимен во септември во Македонија, а пред се во Крушево, родното место на Тоше.
Повеќе инфо на сајтот на
РТС, а видео-рекламата ја имате
ТУКА!
Датум: 10.10.2011.