Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Маратонците што трчаа за Тоше пристигнуваат утре Fri Oct 14, 2011 9:22 pm | |
| Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, утревечер во 18 часот, на плоштадот „Македонија“ ќе ги пречека 18-те македонски атлетичари, што учествуваат во традиционалниот Ултрамаратон во чест на Тоше Проески.Трасата што ја трчаат маратонците е во должина од 1100 км почнувајќи од Нова Градишка, Република Хрватска, местото на несреќата каде што загина Тоше, преку Белград каде што традиционално се среќаваат со фановите на Тоше од Република Србија, па низ Скопје, за на крај да заврши во неговото родно Крушево. Ултра маратонот во чест на Тоше се реализира на иницијатива на Фондацијата „Тоше Проески“, се одржува традиционално секоја година, а годинава што е 4-та по ред, почнува денеска, а ќе заврши во недела на 16 октомври, кога маратонците ќе пристигнат во Крушево, родното место на Тоше | |
|