Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Трајановски ќе ги пречека маратонците кои трчаат во чест на Тоше Sat Oct 15, 2011 2:56 pm | |
| Трајановски ќе ги пречека маратонците кои трчаат во чест на Тоше На плоштадот „Македонија“, пред Градската кафеана „Пелистер“, градоначалникот на Скопје Коце Трајановски вечер ќе ги пречека 18-те македонски атлетичари што учествуваат на традиционалниот ултрамаратон во чест на Тодор Проески-Тоше. Трасата што ја трчаат маратонците е во должина од 1.100 километри, почнувајќи од Нова Градишка, Република Хрватска, местото на несреќата каде загина Тоше, преку Белград, каде традиционално се среќаваат со фановите на Тоше од Република Србија, па низ Скопје. Маратонот завршува во неговото родно место Крушево. Ултрамаратонот во чест на Тоше се реализира на иницијатива на Фондацијата „Тоше Проески“, а се одржува четврта година. Се очекува маратонците утре да стигнат во Крушево. | |
|