Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Четири години без Тоше (kanal5.com.mk) Sun Oct 16, 2011 12:25 pm | |
| Пред четири години, на 16 октомври во сообраќајна несреќа загина нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески. Несреќата се случи во близина на Нова Градишка, Хрватска. Тоше заедно со неговата менаџерка Лилјана Петровиќ и со возачот патуваше кон Загреб каде што требаше да биде гостин во музичка емисија. Во негова чест денеска ќе се одржат музички манифестации и спортски настани. Во Крушево се очекува да пристигнат и 18 ултрамаратонци кои во спомен на нашиот ангел трчаат 1.110 километри, од местото каде што тој загина, до неговиот роден град. Македонската публика Тоше го памети како голем хуманист кој постојано организираше или учествуваше на концерти од кои собраните средства беа донирани за најранливите категории. Тоше беше и амбасадор на Добрата волја на УНИЦЕФ. Во сеќавање на Тоше, неговите обожаватели од „Тоше фан форумот“ пред десетина дена организираа крводарителска акција, а се одржа и третиот меморијален концерт во спомен на четиригодишнината од неговиот последен хуманитарен концерт. Вечерва членовите на фан клубот и на форумот на Тоше организираат по трет пат манифестација во негова чест | |
|