Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Четири години од смртта на Тоше (alfa tv) Sun Oct 16, 2011 12:39 pm | |
| Четири години од смртта на најголемата македонска музичка ѕвезда, Тоше Проески се навршуваат денеска. По тој повод предвидено е организирање на бројни манифестации концерти, спортски натпревари, емисии посветени на Тоше, како и традиционалниот маратон од Нова Градишка до Крушево. Радио-телевизија Србија вечерва од 21 часот на својата прва програма ќе емитува специјална емисија за Тоше „Балкан - сеќавање на Тоше“, на која колеги и пријатели на Тоше од републиките на поранешна Југославија ќе пеат негови песни, во придружба на Симфонискиот оркестар на РТС. Се очекува да настапат Аки Рахимовски, Калиопи, Хари Варешановиќ, Тони Цетински, Сергеј Ќетковиќ, Александра Радовиќ, Јелена Томашевиќ, Ања Рупел, Антонија Шола, Бора Дугиќ, Нина Радојчиќ, Саша Ковачевиќ, Борис Режак… Во двочасовната програма ќе бидат емитувани документарни материјали, снимени во Скопје и во Крушево, во кои за приватниот и професионалниот живот на Тоше ќе зборуваат неговите пријатели и соработници од Македонија. | |
|