Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Toše Proeski Fan Radio
RADIO WITH LOVE WITHOUT BORDERS! - IN MEMORY OF TOSE PROESKI! DOBRODOSLI NA LIVE CHAT ,RADIO & TV POSVECEN TOSI PROESKOM. INFO NA http:tosefanradio.forumotion.com * contact us : tosefanradio@yahoo.com
Subject: Спомен куќата на Тоше води во светскиот избор Tue Nov 01, 2011 11:26 am
На 4 ноември Македонија, повторно со помош на Тоше Проески, ја има можноста за промоција на архитектурата. На 4 дена пред крајот на светскиот избор на највпечатлива градба за 2011 година, спомен куќата на Тоше Проески има сериозна шанса да биде изборот на народот и да конкурира за Притцкеровата награда – што за архитектите од светот е еквивалент на Нобеловата награда.
На 4 ноември во Барселона, Шпанија ќе биде доделено престижното признание за архитектите кои авторски стојат зад објекти што годинава биле изградени.
Од час во час се менуваат гласовите што луѓето од цел свет ги даваат за објектите. Спомен куќата на Тоше утринава од преку 13 илјади гласови стигна до 14. 615 гласови и сериозно води пред другите два објекта – музејот на меморија и толеранција од Мексико Сити и објектот Атмосфера, од Калкута, Индија.
Отвореното гласање на интернет е придружна манифестација на реномираниот фестивал за архитектура во Барселона од каде пак се избираат објектите кои конкурираат за Притцкеровата награда, која според архитектите е еквивалент на Нобеловата награда. Оваа година листата на кандидати броела 704 објекти во светот, меѓу нив и културниот центар од Ал Дакира, Катар, културниот центар Ајазага од Истанбул, Турција, Институтот Францис Крик од Камден, Велика Британија , а и деловната зграда Нанганг во Тајпеи, Тајван.
Зградата на Спомен куќата на Тоше последната недела води на листата од сите. Гласањето трае до 4 ноември, а може да го направи секој, преку интернет. Од еден компјутер секако може да се гласа само еднаш. Оваа награда не е материјална, но е многу значајна за промоција на македонската архитектура во светот, затоа што ова е прво вакво учество на македонски објект во светски избор за најдобро архитектонско решение.
Спомен куќата на Тоше беше отворена на 25 април годинава. Лоцирана е на Гумење во Крушево на површина од 870метри квадратни. Има форма на крст, изградена е од бетон и стакло. Фактот дека во последниве денови на изборот оваа македонска зграда за најдобра е се поизвесен, им овозможи на архитектите да го претстават својот труд и на изложбата на интернационалното биенале „Леонардо“ во Минск.
Вообичаено е во последните денови гласањето да се интензивира, стои на интернет страничките поврзани со оваа вест, што подразбира дека ништо не е сигурно до последниот момент. Иако Македонија води пред Мексико и Индија за повеќе од половина гласови, ситуацијата може да се промени.