Фан-клубот чија мисија е да го зачува името,ликот и делото на легендарниот Tоше од заборав, почна со нова акција- стартуваа со јавен конкурс за напишана приказна (песна или фељтон) за Tоше, врзана за уште една тажна годишнина - четири години без Tоше.
Конкурсот е отворен до први октомври 2011-та година.
Најдобрите кои ќе пратат творна на мејлот
imtfanclub@gmail.com ќе освојат награда. Една од поинтересните приканзи посветени на Tоше,беше објавена на блог (
www.tose.bloger.hr)
Bо неа се велеше:„ видете што имам“ им рече старецот на децата и полека ја отвораше раката,како да се плашеше дека ке го повреди богатството внатре, во дланката. На децата им засветкаа очите.
Tаква совршена џамлија не беа виделе никогаш порано.Cовршено мазна, совршено светкава, со совршен склад бои во себе. На почетокот се плашеа да ја допрат, но кога видоа дека старецот им ја подава со широка насмевка која покажуваше разбирање за нивната восхитеност,ја зедоа и почнаа внимателно да ја испитуваат.
Кога едно од децата заврте глава за да праша нешто, забележа дека старецот заминал. Cекој ден си играа со џамлијата, се помалку внимајќи на нејзината кршливост затоа што им се чинеше дека е нескршлива. Ниеден удар на неа не оставаше ни најмала гребаница. Напротив. таа беше се посјајна. Еден ден, кога се чинеше дека сите заборавија на него, старецот се појави пред нив како од земја да изникна. Само ја пружи раката и „сјајот“ скокна во неговата дланка.
-Што се чудите? Јас ви ја дадов накратко,само малку да си поиграте. Зар мислевте дека вакво богатство се остава на група неодговорни дечишта? треба да сте благодарни и само да ви ја покажев, а јас ете, ви ја оставив и да си поиграте. се заврте и си отиде... утредента осамна наслов во весниците „се случи несреќа кај Нова Градишка“...
***************************************************************************
OBJAVLJENO U AUSTRALSKOM MAGAZINU SHILO ( www.silovesnik.com.au) mjesec 8.
Валентина Ѓоргиевска Парго