Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Четири години од загинувањето на Тоше Sun Oct 16, 2011 7:04 pm | |
| Вака денеска на Гумење во Крушево, со солзи на очите што не престануваат, на вечниот дом на македонската икона Тоше Проески, му оддадоа почест 18 маратонци на 4- годишнината од неговата прерана смрт. Ултра маратонот од Нова Градишка до Гумење што го организираше меѓународната фондација ТОШЕ ПРОЕСКИ, траеше 72 часа, а денеска напладне исцрпените маратонци во придружба на фановите, најблиските и пријателите, се поклонија пред македонскиот ангел, миленик на сите генерации. За достојна почит кон македонската легенда се погрижија и скопските каменоресци, кои на гробот на Тоше положија вазна од црн гранит, тешка 200 килограми. Сепак, трагичната годишнина и покрај студеното време, најмногу фанови со еден генерациски преплет собра кај манастирот Свето Преображение, кој беше духовно светилиште на големата балканска поп- ѕвезда. Околу илјада активистки на асоцијацијата ВЕШТА ЖЕНА од 15 македонски градови, на гостите им ги понудија своите специјалитети, а собраните средствата ги донираа на манастирот. Тоше Проески, животот го загуби во цутот на младоста на 16 октомври пред 4 години, кога имаше само 26 години, кај Нова Градишка во Хрватска патувајќи за Загреб. | |
|