Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Тоше во Европа преку англиската компанија „Пипл ин моушн“ (18.04.2006.) Mon Oct 29, 2012 8:19 pm | |
| Продуцентската куќа на Тоше Проески, „Фајнл кат“ и „Аворд“ продукција, потпишаа договор со англиската маркетинг-компанија „Пипл ин моушн“, која ќе се обиде да го лансира како нова музичка ѕвезда на европскиот пазар. Како што дознаваме, според договорот што се подготвувал подолг период, британската фирма ќе се грижи за остварување контакти со голем број светски познати издавачки куќи. Ќе соработува и со композитори, продуценти и со сите што ќе бидат потребни за кариерата на Проески. „Пипл ин моушн“ почнале со остварување на плановите: договорена е соработка со повеќе автори што со свои песни ќе бидат застапени на албумот наменет за европскиот музички пазар. Инаку, „Пипл ин моушн“ е фирма што е одговорна за креативните решенија за филм, телевизија, музика, маркетинг. Нејзини клиенти се издавачките куќи Би-ем-џи и „Ариста“ и познати брендови како „Левис“, „Ем-ти-ви“, „Најк“ и „Цитроен“. (С.А.Н.) | |
|